Зидан е ГОЛЕМ „крал“: Победата во Скопје му донесе нови неверојатни рекорди!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал го совлада Манчестер Јунајтед со 2:1 во европскиот Суперкуп. Победничкиот тренер, Зинедин Зидан продолжи со низата на трофеи и рекордите во само година и пол откако го превзеде кормилото на Реал.

Со победата над Јунајтед во Скопје, Зидан стана првиот човек во историјата кој освоил два Суперкупа како играч (1996, 2002) и како тренер (2016, 2017).

 

Зидан уште од сега е еден од најуспешните тренери по трофеи во пребогатата историја на Реал со оглед на односот на бројот на натпревари во кој играше и оние кои ги освои. Особено, откако го превзеде Реал, се бореше за осум трофеи, а освои дури шест. Фантастични 75%.

Зидан како тренер на „Кралевите“ не успеа да освои само два трофеи: шампион на Шпанија 2015/16 и победник на Купот во сезоната 2016/17. Но, овде негова одговорност е само за неуспехот во Купот на Кралевите минатата сезона, кога во четвртфиналето загуби од Селта.

 

Загубеното првенство од Барселона не е неговата вина, бидејќи екипата ја превзеде на половина на сезоната од Рафа Бенитез, а во тесната борба со Барселона и Атлетико, Реал уште тогаш заостануваше толку што Зидан до крај дојде до второто место, со само бод помалку од шампионот на Барселона. Ги освои сите други трофеи, за кое време се бореше: две ЛШ, два европски Суперкупа, клупско СП и Ла Лига.

Наведовме голем процент на трофеите на Зидан со оглед на бројот на натпревари во кој настапи. Еве уште еден фасцинантен нумерички показател за неговите успешности како тренер на Реал. Клубот го води 582 дена, а веќе освои шест трофеи. Што значи дека пехар подига секои 97 дена.

 

Кочено, и покрај тоа што како тренер на Реал е кратко време, по бројот на трофеи веќе е на четвртото место на златната листа на најуспешни тренери во историјата на најголемиот клуб во светот.