Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Траверс Бејнон, познат како Кендимен (Candyman), е еден од ликовите кои ги нарекуваат кралеви на Инстаграм, а освен по својот екстравагантен стил на живеење, познат е и по опасните и епски забави во својата вила.
Breakfast of Champions #NoHashtagsNeeded #CandymanCan pic.twitter.com/7V04Ubwuhx
— Travers Beynon (@TraversLBeynon) September 23, 2016
Една од таквите разуздани забави ја организираше во саботата, минатиот викенд, на која нештата толку излегоа од контрола, што мораше да интервенира Брза помош и тоа најмалку седум пати, пренесува The Sun. На болница завршија 23-годишна и 19-годишна девојка, од кои вторава била најдена како бесцелно шета пред вилата. 21-годишна девојка, пак, добила помош откако се пожалила на болка во вратот што била предизвикана од пад на подиумот за танцување.
27-годишен дечко си ја пресекол раката на стакло, но одбил да биде пренесен на болница, а за една 23-годишна девојка се верува дека била касната од голем пајак. Покрај неколкуте асистенции на Брзата помош, австралискиот плејбој фраер организирал и „приватна медицинска компанија која на лумпувачите ќе им пружи помош од било каков вид која им е потребна, на лице место“.
Иако неговата вила е честа адреса на забави, вакви тематски лумпувања Кендимен организира еднаш годишно, а темата овој пат беше „Седум смртни грева“ – суета, скржавост, блудност, завист, неумереност во јадење и пиење, гнев и мрза, а во тој стил беа декорирани и собите во вилата.