Жртвувани над 140 деца: Овде се случило едно од најмасовните жртвувања на луѓе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тим од археолози ги откри масовната гробница и местото на кое се случило едно од најмасовните жртвувања на човечки жртви во историјата на цивилизацијата.

Пред нешто повеќе од 550 години се случи едно од најмасовните жртвувања на луѓе, а секако и деца, во историјата. Тогаш во Перу, на локалитетот кој денеска го носи името Лас Јамас, беа убиени повеќе од 140 деца.

Археолозите кои ја открија масовната гробница, во која пронајдоа и 200 скелети, веруваат дека тие биле убиени во некаков ритуал. Многумина од убиените деца имале посебен црвен пигмент намачкан на нивните лица. Жртвите биле убиени на безмилосен начин.

Децата, се проценува дека биле на возраст помеѓу 5 и 14 години, соопштува антропологот Џон Верано, професор на универзитетот Тулан од Њу Орлеанс.

Заклучено е дека жртвувањето на децата се случило помеѓу 1.400 и 1.450 година. Местото на кое се одвивал овој крвав чин бил центар на територијата која ја населувал народот Чиму.

Археолозите кои работеа на овие ископувања, во изјава за медиумите, велат дека ова откритие може да се смета за едно од најголемите церемонијални жртвувања на деца во историјата на светот.

Инаку, за ова наоѓалиште, чие официјално име е Хуанчаквито Лас Јамас, јавноста дозна во 2011 година, кога археолозите откопаа 42 човечки скелети, за подоцна да бидат откриени и други.

Пред ова откритие, доказ за најголемото жртвување на деца во историјата пронајдени се во Мексико Сити, каде се откриени 42 скелети.