Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Левиот бек на Барселона, Жорди Алба е многу разочаран и изнервиран од фактот што раководството на клубот се уште не му предложило нов договор.
Актуелниот договор на 29-годишниот шпански репрезентативец истекува после две сезони, но веќе 18 месеци тој и неговиот агент чекаат понуда од Барселона за нов договор.
Алба е разочаран од пасивноста на раководството и веќе размислува да ја промени средината, а каталонски „Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед и Челзи покажуваат силен интерес за него.
„Ни кажаа да не бидеме загрижени и дека ќе ни се јават, за да потпишеме нов договор. Но се уште чекаме, а од тогаш поминаа 18 месеци. Не разбирам ништо. Можеби тоа е нормално за Барса, а можеби не се задоволни од игрите на Алба иако тој е дефанзивец со најмногу асистенции во европскиот фудбал“, изјави агентот Висенте Форес.
Manchester United and Chelsea are interested in Barcelona's Spanish 29-year-old left-back Jordi Alba. (Source: SPORT) pic.twitter.com/onrIzaXYXk
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 30, 2018