„Жолтите елеци“ во Париз соборија и тепаа еден од полицајците (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


133 повредени и 378 уапсени лица е епилогот од саботните жестоки протести на „жолтите елеци“ во Париз поради зголемувањето на даноците и цените на горивата.

Насилствата продолжија и вчера, но на улиците имаше многу помалку луѓе. Сепак, протестите ни вчера не минаа без инциденти. Објавена е снимка на која група демонстранти во жолти елеци фаќаат еден полицаец, го тепаат и потоа го пуштаат.

Насилствата на барикадите, палењето автомобили, ограбувањето продавници, пресметките меѓу полицијата и демонстрантите, главно се случуваа околу Триумфалната капија, а потоа се раширија низ градот во кој беа распоредени околу 4.500 припадници на полицијата.

Претседателот на Франција Емануел Макрон побара вчера од премиерот Едуар Филип да се сретне со лидерите на најголемите политички партии во земјата и претставниците на движењето кое стои зад протестите поради зголемувањето на даноците на горивата.

Макрон вчера во Елисејската палата одржа итна средба со Филип, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер и министерот за екологија Франсоа де Рижи, на кој беа разгледувани насилните демонстрации на движењето „Жолти елеци“ во текот на викендот.

Кабинетот на францускиот претседател по состанокот соопшти дека Макрон побарал Кастанер да разгледа измени на безбедносните процедури за да се смират насилните постапки.

Француските власти оценуваат дека станува збор за најголемите немири во Париз од 1968 година.