Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Растот на цените на производите кои се дел од семејната кошничка продоложува, а животот станува сè поскап.
Статистиката измери двоцифрена инфлација од 16,7% и во февруари, која е незначително намалена во однос на претходниот месец. Синдикатот пак, пресмета – за преживување на 4 члено семејство месечно му биле потребни над 43,600 денари, или со вклучената инфлација – скоро 51 илјада.
Ова значи дека со две минимални плати едно 4 члено семејство не може да ги задоволи основните месечни потреби за да го преживее месецот, изјави Слободан Трендафилов од ССМ.
Само за храна едно семејство месечно троши скоро 20 илјади денари. Токму храната според статистиката, најмногу поскапела. Цените се зголемила за 26%, а најмногу на основните прехранбени производи – лебот,39,8% месото,(29,5%) млекото и млечните производи (36,7%), како и маслото за јадење(16,4%). Повисоки цени има и кај струјата која поскапела за 14%, над 20 проценти гасоти горивата за 7,7%.
Во светот пак, цените на храната паѓаат 11 месец по ред, што е доказ дека инфлацијата попушта, покажува Извештајот на Обединетите нации. Поевтинувањето кај нас ќе се почуствува за неколу месеци.
Инаку за споредба, потрошувачката кошница лани во февруари изнесувала 36,146 денари или за една година , за истите прозиводи и услуги на едно домаќинство му се потребни 7 и пол илјади денари повеќе.