Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Трошоците за живот и цените на мало во јануари во споредба со декември повторно се во пораст, објави Државниот завод за статистика. Трошоците за живот се зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти, објави статистика.
Ваков месечен скок на цените не е забележан во изминатата деценија, според податоците за Заводот за статистика.
Поскапеле чајот, кафето и какаото, потоа рибата и морските плодови, овошјето, пивото, виното, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи.
Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти.
Не им го плаќаат боледувањето, па и заразени одат на работа
Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички транспорт, медиумите за снимање, обувките, парамедицинските услуги, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани…
Доколку пак јануари годинава се спореди со јануари лани, тогаш има зголемување од 6,7 проценти кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.