Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот холивудски актер, Џек Николсон глумеше разни ликови со интересни приказни, а неговата животна звучи како сценариот за серија или филм.
Тој во 1974. година, разговајќи со новинар на Тајм доживеа шок. Имено, новинарот пишувал сторија за млада актерка во развој и откри дека е жената за кој Џек веруваше дека му е сестра – всушност мајка.
Дека нешто не е во ред во неговото семејство, се сомневал од мал, а испадна дека има право. Иако звучи како теленовела, сестрата која има 79 години, всушност е негова мајка.
Мајката на Џек, Жун Франсис Николсон се занимавала со танц и размислувала за блескава кариера, но забременила кога имала 16 години, а нејзината мајка, Етли Меј Николсон, не сакала Жун да се откаже од кариерата, па ја презела одговорноста и грижата за малиот Џек.
„Тоа е цената на славата. Сите почнуваат да копаат по твојот приватен живот и следно што знаеш е дека твојата сестра, всушност е твојата мајка“, изјави Николсон во едно интервју.
Сепак, иако приказната за неговото потекло е прилично истражена, тој и натаму не ја знае целата вистина, не знае кој е неговиот татко. Кога дознал дека Жун му е мајка, одбил ДНК анализа за да дознае кој е неговиот друг родител.
„Татко е личност која ти помага додека да пораснеш, а не некој кој има исти спирали во генетскиот код“, објасни Џек.