Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Модерниот фудбалски свет често пати посведочува импресивни приказни за вртоглав и молскавичен успех на поединци кои буквално „од нула“ за неверојатно брзо време стигнале до светски успех и слава, милионски заработки и успешна фудбалска кариера. Но, голем број случаи сведочат за другата страна од оваа паричка – за оние кои стигнале до височините, меѓутоа животот си поиграл и ги вратил во „нормала“.
Помеѓу овие вторите е и Дарио Силва, поранешниот уругвајски фудбалер кој некогаш ги тресеше мрежите во дресот на Малага во шпанската Примера.
Дарио Силва своите најдобри денови во фудбалската кариера ги помина како играч на Малага со која го освои Интертото Купот на УЕФА, после што направи трансфер во редовите на англиски Портсмут. За жал многу брзо откакоо премина во англискиот тим доживеа собраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди.
Поради големите повреди на Силва мораше да му биде апутирана ногата. Денес 13 години после тој инцидент поранешниот фудбалер води нормален и скромен живот работејќи како келнер во една пицерија.
?¡CAMARERO DE UNA PIZZERIA! Así es la nueva vida de Darío Silva, exjugador de Espanyol, Málaga y Sevilla. #JUGONES pic.twitter.com/i0Eiu7wppq
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 15, 2019
Ваквата чудна животна приказна на Дарио Силва беше причина новинарите на телевизијата „Ле Секста“ да му посветат еден момент на внимание и да ја потсетат шпанската јавност на овој поранешен фудбалер.