Животот на сексуалните работнички во градот-бордел Кандапара


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бангладеш е една од ретките муслимански земји во светот каде проституцијата е легализирана.

Кандапара борделот во областа Тангаил е најстариот и втор по големина бордел во земјата – постои повеќе од 200 години. Беше срушен во 2014 година, но повторно беше вратен во употреба со помош на локалните невладини организации. Многу жени се родени и пораснати во овој град-бордел и со неговото затворање не знаеле каде да одат и да си го бараат чарето.

Посетителите и поддржувачите на борделот веруваат дека сексот е работа како и секоја друга работа и дека тие жени не сакаат да работат нешто друго. Овие жени застанаа зад своите работнички права и поради тоа, на крајот од 2014 година, Националното здружение на адвокати од Бангладеш го убеди Високиот суд дека иселувањето на сексуалните работнички било незаконски чин. Сексуалните работнички брзо се вратија во своите домови после таа одлука.

Денес, овој борделски кварт е опкружен со ѕид. Во тесните сокаци има поставено тезги со храна, чај и исоплнети се со улични продавачи. Борделот е место со правила и хиерахија на моќта кои многу се разликуваат од остатокот од тамошното општество. Во рамките на борделот, жените се слаби, но и моќни. Најзагрозени се тогаш кога влегуваат во борделот, тогаш се викаат „врзани девојки“ и обично имаат од 12 до 14 години.

Овие девојки обично доаѓаат од сиромашни семејства и често се жртви на трговија со луѓе. Немаат слобода или права. Им припаѓаат на некоја од постарите жени, често имаат долгови и не им е дозволено да одат надвор или да ги задржат заработените пари. Откако ќе ги исплатат своите долгови, отприлика во период помеѓу една и пет години, тие стануваат независни сексуални работнички. Тогаш можат да си ги бираат клиентите и да ги одбиваат оние кои не им одговараат, како и да ги задржат заработените пари. Можат и да си заминат од борделот, но поради стигмата со која се обележани надвор од тој нивни „дом“, често одлучуваат да останат и да ја работат истата работа.