Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атлетичарката Кристина Циманускаја која учествува на Олимпијадата во Токио изјави дека нејзиниот живот бил загрозен во Белорусија и ќе побара азил во австриската или германската амбасада во Токио.
Имено, 24-годишната спортистка го критикуваше раководството на атлетскиот тим, а потоа ги обвини претставниците на белорускиот олимписки комитет дека сакаат да ја вратат во својата татковина.
Таа изјави, дека била наведена во трката 4×400 метри, иако досега никогаш не учествувала во таа дисциплина.
„Барам помош од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Под притисок сум и тие сакаат со сила да ме вратат во Белорусија, иако јас не се согласив на тоа“, изјави Циманускаја.