Животната приказна на Дејв Ривер: Му изгорела колибата додека бил во затвор – милијардер му донирал 180.000 да си направи нова


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дејвид Лидстон (81), локално познат како Ривер Дејв, живеел 27 години во својата колиба во Њу Хемпшир. Сопственикот на земјиштето на кое се наоѓала колибата, Леонард Џилс, се обидел да го истера оттаму во 2015 година, а Дејвид дури завршил во затвор бидејќи одбил да го напушти својот дом. Додека бил во затвор, колибата му изгорела и останал без ништо.

За да му се помогне, започната била кампања на GoFundMe преку која луѓето собрале околу 15.000 долари, а неговата приказна го привлекло вниманието на Александар Карп, милијардер и извршен директор на Palantir Technologies, кој одлучил да донира 180 илјади долари да може да изгради нова колиба и да започне нов живот, пренесува LadBible.

„Господине Карп, не можам да изразам како се чувствувам за она што го направивте, ако се обидам, ќе се расплачам“, му порача старецот на својот добротвор во видеото што го споделила неговата пријателка Џоди Гедеон.