Животната приказна на 14-годишниот Михаил – најмладиот монах на Света Гора


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


14-годишниот Михаил чии родители се од романско потекло, е најмладиот монах кој живее на Света Гора, во рамки на тамошната монашка заедница.

Неговите родители се Романци, а Михаил со нив живееше во Рим. Уште од неговата петгодишна возраст помагал вo еден верски храм. После средбата со старците-монаси Даниил и Герасим, во него сериозно се разгорел верскиот пламен и тој на 12-годишна возраст се одлучил за монашки живот посветен на Бога, напуштајќи го семејниот круг на родителите, браќата и сестрите.

Посветувајќи се на монашки набожен живот, се преселува на Света Гора, во романскиот православен скит Продром.

Еве краток исечок од интервјуто направено со младиот Михаил од статијата посветена на неговата животна определба:

-Што е со твоето семејство? Си спомнуваш ли за мајка ти, браќата и сестрите?

-Се разбира, но Бог ме утешува. Кога носталгијата ќе стане неподнослива, јас одам во кругот на скитот Продром.

-А што е со училиштето?

-Јас морам најпрвин да го изучам грчкиот јазик. А потоа ќе го учам следниот курс во гимназија.

-А од каде ти е толку мало монашко расо?

-Ми го соши отец Атанасиј Продромитис…