Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џенифер Малфорд од Атланта стана вистинска интернет сензација откако беше објавена веста за нејзината необична врска со 36-годишниот дечко Бред Лисон, кого секој ден го дои на секои два часа.
Необичната Американка предизвика бес во јавноста, но таа, како што вели, заедно со својот избраник ужива во нивната блискост. Џенифер тврди дека отсекогаш сакала да има љубовна врска во која ќе го дои својот дечко, откако прочитала дека доењето на возрасните може да создаде сјајна врска помеѓу двајца луѓе, пренесува Daily Mail.
Таа признава дека посетувала разни интернет страници за запознавање, во обидот да најде партнер кој ќе го сака истото што и таа, но во меѓувреме нејзинта идеја му ја споменала на бившиот дечко од школските денови.
„Можам да речам дека по неговиот глас осетив дека е возубден и љубопитен. Во тој момент знаев дека си најдов партнер за цела вечност. И двајцата сакаме исти работи во нашата врска – магична врска која може да се достигне само со доење“, вели Џенифер.
Таа веќе има и дваесетгодишна ќерка, а вели дека после наоѓањето на бараниот партнер, прво му давала да цица „на суво“, на секои два часа, за да го поттикне лачењето на млеко и да го излаже своето тело дека има бебе.
„Дадов отказ на работа за да направам сè ова да успее“, гордо истакнува таа и додава дека ноќе користи пумпа за измолзување дојки.
Малфорд зема и билни пилули во својата исхрана, како и семе од лен, бидејќи мисли дека тоа му дава квалитет на млекото.
Бред вели дека е возбуден поради здравствените предности од доењето, имајќи во предвид дека е обожавател на вежбање во теретана. Парот вели дека доењето не би го правеле во јавност, бидејќи е доста приватен дел од нивниот живот.