Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ваквите мотивирачки примери кои даваат инспирација и надеж за сите на кои животот им сервирал ваква горка судбина, иако не се толку многу чести, сепак ги има во доволен број за да докажат и покажат дека границите за човекот се оние кои тој сам си ги поставува.
Кинескиот алпинист на кој двете нозе му се ампутирани откако му замрзнале при едно невреме пред повеќе 40 години кое го доживеал за време на искачување на Монт Еверест, сепак успеал повторно да се искачи на најголемиот врв на светот.
Ксиа Боју во 1975 година ги изгуби двете стапала, бидејќи својата вреќа за спиење му ја дал на својот пријател за време на бурата која ги зафати додека бил на голема надморска висина. Сепак, на 69 години тој стана вториот алпинист со две ампутирани нозе кој се искачи на Еверест, односно првиот Непалец кој успеал во таа мисија.
Невремето кое Ксиа го преживеа се случило на 8.000 километри надморска височина, а неговиот тим остана заглавен на истото место три ноќи во непосредна близина на самиот врв. Поради тоа стапалата му се ампутирани, а потоа во 1996 година следувало ампутирање и до над коленото поради лимфомите.
И покрај инвалидитетот, тој никогаш не се откажал од својот сон за да го освои Еверест.
„Искачувањето на Монт Еверест е мојот сон. Го остварив, а претставува личен предизвик, предизвик на судбината”, изјави Ксиа.
Тој после 1975 година се обидел да го оствари сонот во 2014, 2015 и 2016 година, кога бил многу блиску до врвот, но бил спречен од невремето. Потоа следувала и забрана за искачување на алпинисти со инвалидитет, која подоцна била укината, бидејќи тоа се сметало за дискриминација.