Живот „замрзнат“ во минатото: Живеат како нивните претци од среден век


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографот Алекс Робсјук посетил неколку села во романскиот округ Марамуреш, во Трансилванските Алпи. Во оваа зафрлена област сместени се стотина помали села, чии жители живеат со забавено темпо. Тие одбиваат да ги прифатат современата технологија и индустрија и во секојдневниот живот се служат со наједноставни средства.

10.3.Maramures2

10.3.Maramures3

10.3.Maramures4

Робсјук ги посети марамурешките села Барсана, Страмтура и Бреб, каде ги фотографираше локалните жители на кои, поради фактот дека имаат многу мал, речиси никаков допир со модерната технологија, необично и чудно им беше дури и самото фотографирање.

10.3.Maramures5

10.3.Maramures6

10.3.Maramures7

Тие своеволно се останати верни на традицијата која датира уште од нивните претци кои во средновековието ги основале овие заедници и села, па одбиваат да имаат било каква поврзаност со технолошкиот напредок и модерните технолошки средства.

10.3.Maramures8

10.3.Maramures9

10.3.Maramures10

„Портретите ги покажуваат луѓето во различни ситуации и на различни места, правејќи вообичаени работи: работат, слават, размислуваат, се надеваат – како и сите што правиме денес. Но, она што ги издвојува од модерните општества е фактот дека тие не се опкружени со современа технологија, па не се навикнати и да бидат фотографирани. Нивните изрази на лицата кои ги имаат на фотографиите се целосно природни, без никакво позирање, бидејќи не сакаат да се прикажат поразлични од она што навистина се. Нивните изрази на портретите ја прикажуваат комплексноста на една личност во нејзината едноставност“, вели Алекс.

10.3.Maramures11

10.3.Maramures12

10.3.Maramures13

10.3.Maramures14

10.3.Maramures15

10.3.Maramures16

10.3.Maramures17

10.3.Maramures18

10.3.Maramures19