Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Колку што можам јас сум и мајка и татко на децава. Не знам друго што да ви кажам. Тешко е…“, со солзи на очи ја раскажува својата тажна приказна за суровите услови во кои жвее со своите деца самохраниот татко Владимир Христовски.
Ова е Владимир, самохран родител на две малолетни деца, Огнен кој има 7 години и Марија 10 години. Солзите и тагата се секојдневие кај ова семејство, а целата агонија започнала откако починала сопругата на Владимир. Децата постојано гладни легнуваат и стануваат, а болката е се поголема со секое прашање дали има нешто да јадат раскажува Владимир. Сонцето е единствената светлина која допира во домот.Нема струја, откако била исклучена поради долгови. Децата учат на свеќи. Владимир моли за помош кој колку има и колку може за да ги прехрани своите две деца.
„Некогаш и легнуваат гладни, затоа што нема ни храна ни дрва, струјата ни е исклучена. Апелеирам до сите институции, до сите хумани граѓани ако имаат желба да донираат, ако може да ми се најде соодветна работа да си ја прехранам фамилијата. Социјална парична помош не користам затоа што не сум се пријавил на време. Отпишан сум од Центарот за социјални работи“, вели Владимир Христовски
Најмалиот член во ова семејство Огнен кој е одличен ученик го прашавме што сака за нова година еве што вели.
„Јас сакам Дедо Мраз да ми донесе пакетче“, вели Огнен Христовски.
Неговиот татко Владимир вели Новата година ќе ја дочекаат со празна маса и завиткани под ќебе.
„Ќе гледаме во празна трпеза, може и во кревет да бидеме покриени со ќебе“, вели Владимир Христовски
Сега единствен извор за преживување е пензијата на неговата мајка која живее со нив и која едвај може да се помести од кревет.
„Дрва немаме. Збираме што ќе најдеме. Од општината ветија, но нема ништо. Храна треба. Додека имам ќе давам, немаме ни за ужинка на децата. Учителката ќе им купи кога ќе види како сите јадат“, вели Горица Христовска
Неколкуте скали кои водат до нивната соба во секој момент можат да се распаднат. Без струја – внатрешноста на куќата веќе се претвора во руина. Ова семејство секојдневно се бори за гола егзистенција. Семејството Христовски останува во рацете на хуманоста на институциите и граѓаните, новата година се движи – дали ова семејство ќе продолжи да живее во мракот или можеби ќе ја видат светлината и ќе ја осетат топлината во нивниот дом.
(Почитувани, доколку сакате да помогнете на ова семејство, може да оставете ваш телефон за контакт на пејџот на Телевизија 24, новинарот Сабриоски што ја правеше сторијата ќе ве исконтактира)