Живите новогодишни елки во Грузија се „изгор“ скапи – еве ја причината за тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За двометарска жива елка граѓаните на Велика Британија треба да издвојат помеѓу 54 и 70 фунти. Но, во некои други земји ширум светот цената на живите елки не е баш така евтина.

Во Грузија, каде овие дрвја растат само во одредени области, цената може да биде далеку поголема, јавува Би-Би-Си.

Нордманската (или кавкаска) елка, најпопуларното новогодишно дрво во Европа, е многу ретка, но не било секогаш така. Во Грузија има шуми, но многу од нив се осиромашени поради илегалната сеча.

Со новите закони значително се намали нелегалното сеча, но сепак недоволно, особено во новогодишната сезона на елките. Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да плати дури 415 американски долари, значителен износ во земја каде просечната плата во 2018 година беше 369 долари.

Денес, жителите имаат можност да купат елка на локални фарми, ако можат да си го дозволат тоа. Поточно, цените на дрвјата се движат помеѓу 850 и 1500 долари.

Цените се високи затоа што Нордманските елки се бавни за одгледување – може да потрае и до 10 години за да достигнат два метри во височина. Сепак, цените ќе паднат за пет години, кога ќе се зголеми бројот на дрвјата.

В Грузија се слави Православниот Божик, што тие, како и останатите православни, го слават на 7 јануари. Сепак, мал е бројот на домови што ќе ја имаат најпопуларната елка оваа година.