Вебкафе

Живиот свет на Земјата бил збришан пред 2,6 милиони години – еве ја причината

Според научната теорија посветена на овој феномен, пред 2,6 милиони години, невообичаено силна светлина го облеала до праисториското небо над Земјата задржувајќи го во таква состојба со недели, па дури и месеци, тврдат научниците.

Тоа било Супернова, експлозија на ѕвезда оддалечена од Земјата околу 150 светлосни години. За време од неколку стотини години, по долго време од избледувањето на таа светлост , цунами од вселенска енергија од распаднатата ѕвезда можело да стигне до Земјата и да ја исполни атмосферата , предизвикувајќи големи климатски промени и масовно изумирање на тогашниот жив свет, вклучително и на оној во морињата , како што се ајкулите Мегалодон со големина на автобус.

Научниците оваа теорија за Супернова и уништувањето на животот на Земјата го опишуваат во студијата издадена во списанието Astrobiology .

Тие тврдат дека нашата планета била погодена од повеќе остатоци од распаднати ѕвезди, но една од нив извршила големо влијание и го уништила речиси целиот животински и растителен свет.

Ова истражување трае 15–тина години и се базира врз докази добиени од набљудувањето на движењето на вселенските тела, како и слоевите на радиоактивниот слој на железо најден на дното на океанот.

Advertisements
To Top