Жива чоколадна Барбика: Многумина не веруваат дека е реална кога ќе ја видат на слика


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Австралиската манекенка со јужносуданско потекло, Нјадак Даки Тот, со својата убавина и импресивен изглед го запира здивот на присутните каде и да се појави. А поради прекрасното лице и совршениот темен тен на кожата, многу медиуми ја нарекуваат „жива Барбика“.

23-годишната Нјадак е порасната во Мелбурн, во семејство со шест деца. Нејзиното семејство било принудено да се отсели од Јужен Судан поради воените ужаси кои ја разрушиле земјата уште пред Нјадак да биде родена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on

Во светот на модата Даки влезе на 15 години и тоа благодарение на сестрата Ники, која исто така се бави со манекенство. Во 2013 година учествуваше на австралиската верзија од емисијата „Next Top Model“ и заврши на третото место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on

Во емисијата Даки проживеа речиси неверојатни ситуации – ја критикуваа тимот стилисти бидејќи не знаеја како треба да се погрижат за нејзината коса. Публиката поради нејзината неверојатна убавина на почетокот сметаше дека не е природна, дека се има подложено на естетски корекции и дека ги ретушира своите фотографии.

Потоа се пресели во Њујорк, со надеж дека таму ќе си го оствари сонот и да постигне светска кариера во модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on

Успехот стигна во 2017 година, после снимањето на кампањата со наслов „Duckie After Dark“, во која навистина позираше како Барби. Многумина тогаш пишуваа дека е толку нереално убава што не се сигурни дали станува збор за жив човек или за кукла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on

Вниманието го привлече и на ревиите од Канје Вест. На Инстаграм ја следат над 2 милиони корисници, а своето влијание и внимание кое може да го предизвика често го користи за да предупреди на проблемите со кои се соочува нејзината родна земја, Јужен Судан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on