Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ерика е еден од роботите со најслично вистински човечко битие направено до сега, а наскоро ќе стане и водителка на вести во Јапонија.
Овој човеколики робот, многу, но и малку језиво, потсеќа на вистинско човечко битие, а нејзиниот дизајнер, др. Хироши Ишигуро верува дури дека Ерика има душа. Ерика би требало да има национално деби во Јапонија овој април. Конкретните детали кога точно во април и на кој ТВ програм Ерика ќе се појави за сега не се познати.
Др. Дајлан е „архитект“ на овој робот и две години работел на нејзиниот „ум и способност“. „Ерика е многу возбудена поради идните интеракции со луѓето. Само за тоа зборува“ рече Дајлан.
Meet Erica, Japan's Next Robot News Anchor https://t.co/ahEE4MAXQi pic.twitter.com/hUoPvpBjXD
— Live Science (@LiveScience) January 30, 2018
Др. Ишигуро додаде дека таа е „најубавиот и најчовечки андроид на светот“. Но моментално Ерика не може да ги поместува своите раце и нозе и има само „20 чекори слобода“. Нејзината силиконска кожа и поместуањето на лицето значи дека таа језиво потсетува на вистинска особа од крв и месо.
„Кога луѓето ми пријдуваат и зборуваат со мене, мислам дека ми се обраќаат како на жив човек. Мислам дека се однесуваат различно од колку на нивното куче или тостер“, изјави Ерика.
„Ние во Јапонија никогаш не правиме разлика помеѓу луѓето и другите, ние во основа сметаме дека сите имаат душа, па затоа веруваме дека и Ерика има душа“ вели Ишигуро.