Жителите од Подгора им забранија посета на политичарите пред избори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Жителите на босанското село Подгора, разочарани од локалните и државни политичари, на влезот од нивното село истакнаа транспаренти со кои им порачуваат на политичарите дека не се добредојдени во нивното место.

„Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена“, „Прочитавте ли, на народот му е доста“, пишува на транспарентите, поставени во пресрет на општите избори во државата кои треба да се одржат во недела, објави Франс-прес.

Селото Подгора се наоѓа во близина на Сараево и има околу 700 жители.