Жител на скопско Ново Село го пронашол својот соселанец мртов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


60-годишниот С.М. од скопско Ново Село вчера бил пронајден мртов од страна на негов соселанец.

Случајот во полиција го пријавил соселанецот Б.К. кој рекол дека на место викано „Печуриште“ го видел С.М. како лежи на земјата без знаци за живот.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.