Жител на Демир Капија си го убил соседот, па се самоубил


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Министерството за внатрешни работи официјано потврдија дека утрово се пронајдени две безживотни тела во сопствените станови во зграда во Демир Капија, каде што претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.

„Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.