Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денес на дневен ред во Собранието е закажана седница за Законот за ратификација на Договорот со Грција за промена на името на која пратеничките избраници по втор пат ќе гласаат за истиот.
Претходно претседателот на државата Ѓорге Иванов соопшти дена нема да го потпише указот за овој закон затоа што смета дека е противуставен, а озаконувањето на договорот со Грција е кривично дело..
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на првото гласање за ратификацијата на договорот, а и за денеска најавија дека нема да присуствуваат во собраниската сала. За ВМРО-ДПМНЕ овој договор со Грција е капитулантски за Македонија.
За повторно изгласување на Законот за ратификација на договорот со Грција потребни се гласовите на 61 пратеник. На 20 јуни за овој договор гласаа 69 пратеници.
По второто гласање, Законот за ратификација на договорот со Грција повторно се носи кај претседателот на потпис. Има различни толкувања за тоа дали претседателот по второто гласање во Собранието е должен или не да го потпише указот.
Талат Џафери, претседателот на Собранието минатата недела на брифинг со новинарите најави дека ако претседателот Ѓорге Иванов го направи истото како и со Законот за употреба на јазиците, односно ако не го потпише указот и за Законот за ратификација на договорот со Грција, тој ќе ги испрати двата закони, со негов потпис до „Службен весник“.
Неделава со изјава се јави и Мартин Костовски, директорот на „Службен Весник“, кој рече дека „Службен весник“ како институција нема да ги спречува прогресивните и напредни процеси во државата.
Вчера, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, најави дека денеска неговата партија ќе поднесе повеќе кривични пријави против луѓето замешани во донесувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на договорот со Грција. Николовски нагласи дека кривичната одговорност за вакви дела не застарува.