Жежок последен јунски ден – температури до 41 степен Целзиусов


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Последниот јунски ден во Македонија носи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 Целзиусов степен. Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 39 степени.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-от степен. Од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.