Home Актуелно Жежок петок

Жежок петок

Денеска, петок, 25. август, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. УВ индекспот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 36 степени.

Од УХМР известуваат дека во следните денови ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во попладневните часови ќе има локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…