Жежок петок


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Петтиот ден од месец август во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер и максимална температура до 37 степени.

И утре ќе се задржи многу топло време со пораст на дневните температури, а од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени, известуваат од УХМР.