Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска во Македонија се очекува да имаме жешко време со температури над 30 Целзиусови степени во поголемиот дел од земјата, а на места ќе бидат и тропски, до 36 на југоистокот од земјата и 35 Целзиусови во скопската котлина.
УВ индексот ќе биде 9, што значи дека ултравиолетовото зрачење ќе биде високо поради што треба да се води сметка да не се биде долго изложен на сонце и да се носат шапки и облека со светли бои.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топол бран. Следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата.
Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а некаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.