Жежок четврток


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денешниот ден носи претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека утринските температури ќе се движат од 13 до 20, а дневните максимални од 30 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево и топло време со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок и за време на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.