Жестоко ракетирање на Азовстал од страна на руските воени сили (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска на социјалните мрежи се појави снимка од ракетирање на челичарницата Азовстал во Мариупол. На снимките се гледаат експлозии и густ чад, пренесуваат повеќе светски медиуми.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, рече дека дошло до нови борби во областа на челичарницата Азовстал, каде стотици цивили и натаму се заробени заедно со последните украински сили кои го бранат градот, пренесува Си-ен-ен.

Бојченко соопшти дека 30 деца и натаму се во челичарницата и чекаат да бидат евакуирани.

„За жал, денеска не стапивме во контакт со овие деца. Не знаеме што се случува, дали се безбедни или не. Вчера ги контактиравме, денеска не успеавме да го направиме тоа“, изјави Бојченко.

Повеќе од 100 цивили вчера беа успешно евакуирани од челичарницата, но се уште е непознато колку од нив се наоѓаат таму заедно со украинските сили.