Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една од најлудите и најпопуларни забавни манифестации во Шпанија е Винската битка која се одржува во градот Харо, областа Риоха.
Организаторите велат дека целта е „најбрзо што можете комплетно да го натопите вашиот сосед со вино“.
Откако рано утрото се одржува миса, почнува да свири музика и учесниците се прскаат сè додека не снема вино (на располагање се 70.000 литри).
Меѓу правилата за учесниците: мора да се облечени во бело, со црвен појас; може да користат водени пиштоли наполнети со вино, градинарски распрскувачи или кофи; и во ниту еден момент за време на битката не смее да престанат да се смеат и да пеат.
Илјадници луѓе од лозјата на Харо и шумите излегуваат натопени од глава до петици. Настанот се одржува за да се прослави Свети Петар и обилното производство на вино во регионот. Се завршува со голем ручек.
Фестивалот привлекува претежно млади посетители, дури и од Австралија.