Жестока сообраќајка на Партизанска – сведоците велат дека сцените биле ужасни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Околу 22 и 10 синоќа се случи страшна сообраќајна несреќа на Партизанска карши Силбо.

По судирот на две возила кои возеле со огромна брзина, едно од возилата завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка, а искршен е и еден од билбордите. Според последните информации нема жртви во сообраќајната несреќа.

Очевидци велат дека се слушнал силен тресок по што се симнале долу за да им укажат помош на евентуално повредените и сведочат од ударот

„Возилата се оштетени, а Брзата помош пристигнала за многу кратко време. По судирот на двете возила кои возеле со голема брзина, eдното од нив завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка и соборил еден од билбордите. За среќа, оваа сообраќајка заврши без жртви“, јавува 24 Вести.

Очевидец тврди дека глетката била страшна.

„Слушнавме последователни удари кои беа многу звучни и поради тоа излеговме од зградите во кои што живееме за да видиме што се случило. Видовме дека има повеќе возила удрени од кои едно удрило во друго возило, па во билбордот….Глетката е шокантна бидејќи како што изгледа се повеќе возила, скршен билборд, делуваше шокантно за нас. Се надеваме дека возачот ќе биде во ред“, вели сведок за 24Вести.

Едно од лицата кое упрвувало со возилото е повредено и пренесено во болница. Полициските служби излегоа на терен и се врши увид на настанот.