Home Актуелно Жестока расправија на собраниска комисија: Арбер Адеми со предмети ги гаѓаше пратениците од опозицијата (снимка)

Жестока расправија на собраниска комисија: Арбер Адеми со предмети ги гаѓаше пратениците од опозицијата (снимка)

На денешната собраниска комисија за европски прашања се случи жестока кавга помеѓу претседателот на комисијата, Арбер Адеми, и пратеници од опозицијата.

Адеми влезе во жестока расправија со пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а снимка од истата на Фејсбук објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Повод за жестоката кавга, на раб на физичко насилство, беше гласањето на дневниот ред, на кој се најде и Законот за работата на судовите, со кој се предлага работниот век на судиите да се продолжи до 67 години.

Пратениците од Алијанса за Албанците и од ВМРО-ДПМНЕ се противат на ваквото решение. На снимката се гледа како пратениците Дафина Стојановска и Антинијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ се доближуваат до пултот на Адеми и му го тргаат микрофонот, по што тој го удира Милошоски по рака и фрла шише кон пратениците.

Мистерството за труд и социјала предлага продолжување на работен век на судиите до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…