Жестока медиумска кампања: Над 200 американски весници распалија против Трамп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Над 200 американски весници во своите воведници остро се спротивставија против нападите кои ги прави американскиот претседател Доналд Трамп против нив со тврдење дека ширеле „лажни вести“.

Координираната акција на весниците е на иницијатива на весникот „Бостон Глоуб“. Од весникот се информира дека во акцијата учествуваат околу 350 медиуми.

„Денес во САД имаме претседател кој создаде мантра дека претставниците на медиумите кои не ја поддржуваат актуелната американска влада ‘се непријатели на народот’“, се вели во воведниот текст на „Бостон Глоуб“. „Тоа е една од многуте лаги изречени од страна на овој Претседател“, стои во текстот со наслов „Новинарите не се непријател“.

Бранителите на слободниот печат предупредуваат дека Трамп со своите изјави ја загрозува улогата на печатот како контролно тело за заштита од злоупотреба на моќта во политиката, како и дека ја загрозува независноста на печатот во САД, која е гарантирана со Уставот.

Весникот „Њујорк тајмс“, кој е една од целите кои претпочита да ги напаѓа претседателот Трамп, во својот кус воведен текст со наслов „Потребен си му на слободниот печат“, оценува дека секој граѓанин има право да го критикува печатот кога тој ќе направи нешто погрешно. „Но, да се тврди дека вистините кои некому не му се допаѓаат се ‘лажни вести’, е опасно за функционирањето на демократијата. И, прогласувањето на новинарите за ‘непријатели на народот’ е опасно. Точка.“

Кен Полсон, поранешен главен уредник на „УСА Тудеј“, ја стави под знак прашалник ползата од воведни текстови: „Луѓето кои читаат воведни текстови не мора да бидат убедувани“, рече тој. „Тие не се оние кои на претседателските собири врескаат против нас.“ Според него, на медиумите им е неопходна поширока маркетиншка кампања со која ќе се истакне неопходноста од слободен печат.

Извор: Дојче Веле