Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ким Косановиќ е хрватска манекенка и фотомодел родена во Загреб, на 25 август, 1995 година.
Средно школо има завршено во Приватната гимназија Бенедикт Котруљевиќ, во Загреб, а моментално студира психологија. Таа познато заштитно лице на брендот Guess, а поради професионалните ангажмани често престојува во Лос Анџелес, каде и се наоѓа моментално.
Висока е 180 см, а отсекогаш сакала да стане успешна во светот на модата. Нејзината желба конечно се исполни во 2013 година, кога се пријави на хрватското шоу „Лице на годианта“, каде ја освои титулата.
Ким се занимавала со тенис и пливање, но поради обврските сега само посетува теретана. Има желба да го пропатува цел свет.