Жесток нокаут со „торнадо“ удар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кик-боксерот Едуард Гафенку на турнирот во таа боречка вештина кој се одржа во Букуреш славеше победа до која дојде со спектакуларен и атрактивен удар со кој го нокаутираше противникот Томас Дова.

Гафенку со ретко изведуван торнадо удар кој е навистина и комплициран и тежок, со нога од свртување го нокаутираше ривалот Томас Дова.

На несреќниот Дова му било потребно прилично време да си дојде на себе по страшниот и брутален нокаут. Мотивираниот Гафенко потоа со бурни реакции ја прослави својата победа.