„Жешко“ во Рио: Гаќичките паднаа, па продолжи да танцува гола (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кралицата на бразилскиот карневал среде својот танцов перформанс остана без гаќички, но тоа ни за миг не ја спречи да продолжи со својата изведба на улиците од Рио, пред големиот број публика и камери.

Убавата Тарине Лопес од Порто Сегуро едноставно продолжи да танцува придржувајќи си ги паднатите гаќички (или „тоа“ што требаше да бидат гаќички), за нејзиното интимно меѓуножје да не се открие пред илјадниците љубопитни посетители.

Но, тоа не можеше да помине незабележано од големиот број присутни камери, па снимката експресно заврши на социјалните мрежи.

A post shared by TARINE LOPES (@tarinelopes) on

Жешката Бразилка беше облечена во парчиња зелена трака, а на грбот имаше големи портокалови крила. Нејзината гардероба ионака беше од типот „повеќе соблечена отколку облечена“, а кога среде настап остана без тангата, брзо се снајде и си ја придржа со раката.

„За жал на среде улица останав без танга, но не можев да запрам. Морав да продолжам да танцувам додека се обидував тангата да си ја придржам со рацете. Ионака гаќичките покриваа минимално“, изјави таа за Daily Mail.

A post shared by TARINE LOPES (@tarinelopes) on

Како претставничка на својата танцова школа до Сао Паоло, таа мораше да ги предводи другите танчерки. Нејзиниот костим беше дизајниран да го претставува забранетото овошје, бидејќи парадата ја пренесуваше приказната за Адам и Ева.