Вебкафе

Жешките скијачки го стопија снегот во Сочи: Бикини скијање за во Гинис

Илјадници скијачки и скијачи, бордери и бордерки беа дел од големата зимска снежна журка во Сочи која вклучува „разголено“ скијање и бордање, поточно уживање во зимските дисциплини во бикини и машки костими за капење.

Годинешниот, трет по ред, BoogelWoogel ски фестивал се одржа во зимскиот ресорт Роза Кутор, каде имаше илјадници учесници и еднакво толку публика, кои се собраа на олимписките терени за да уживаат на снегот во неделата, кој го прошараа со разнобојни костими за капење.

И покрај минусните температури на скијачките падини во Сочи, учесниците на овогодинешното атрактивно разголено групно скијање успеаја да го срушат рекордот по број на учесници од 2016 година, кога таму се собраа 1.008 разголени скијачи.

Оваа година организаторите на овој скијачки бикини фестивал најавија дека тој рекорд сигурно паѓа и си го одржаа ветувањето – на настанот се собраа речиси 2.000 учесници кои го испочитуваат задолжителниот „дрес-код“ за учество на манифестацијата.

Loading...
To Top