Жешкиот четврток носи портокалова фаза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Според прогнозираните температури, денес подрачјето на северновардарскиот, охридскиот и преспанскиот регион ќе биде во портокалова фаза.

Минималните температури ќе се движат од од 10 до 19 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности и ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18,а највисоката днева температура преку денот ќе достигне до 40 степени.