Жешкиот бакнеж на двете холивудски диви (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудските актерки Рејчел Вајс и Рејчел МекАдамс ја изненадија филмската публика со жешкиот лезбијски бакнеж во една сцена од филмот Disobedience.

За згодните имењачки ова е втора заедничка соработка, после филмот I Want You од 1988 година, но овој пат се појавуваат во страсни сцени од романтичната драма кои ретко кого го оставаат рамнодушен.

Филмот во САД почна да се прикажува на 27 април, оваа година, а во најава е и неговото DVD издание.

Дејството на оваа религиозна драма се врти околу Ронит која нејзиниот татко ја прогонил во Њујорк, откако дознал за нејзината врска со Ести. Но, Ронит после некое време се враќа и ја обновува оваа љубовна врска.

„Во сценариото пишуваше дека само ќе водиме љубов, но неколку недели пред снимањето, режисерот графички прикажа како таа сцена би требало да изгледа“, изјави Вајс, додавајќи дека сите детали од филмот, од влажноста до плукањето, биле плод на режисерската фантазија.