Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога ќе се покаже во вакво сексапилно издание на плажа, 26-годишната Оливија Кулпо со целиот свој расположлив телесен арсенал потсетува зошто важи за една од најубавите и најпосакувани жени на светот.
Од виолончелистка во Филхармонијата на Роуд Ајленд, до монденски стил и начин на живот, Оливија Кулпо има интересна животна приказна. Нејзините музички планови и визии се смениле кога во 2012 година беше крунисана со титулата Мис Универзум.
Оттогаш, стана заштитно лице на L’Oreal и Kipling, а оваа година ги красеше и страниците од престижното списание Sports Illustrated Swimsuit Issue.
Деновиве распали со жесток сексапил, облечена во микро-бикини, на плажите во Мајами, каде уживаше во друштво на нејзиното момче, фудбалерот Дени Амендола.