Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сексапилната Ванда повторно му обезбеди одлична професионала зделка на својот сопруг Мауро Икарди. Сè е договорено за одличниот Аргентинец и следната сезона да остане да игра во дресот францускиот гигант ПСЖ. Целиот договор е вреден 60 милиони евра, со вклучени бонуси.
Ванда Икарди уште еднаш направи одлична зделка, нејзиниот клиент и сопруг Мауро останува на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Икарди и сезонава која поради пандемијата од корона е прекината како позајмен фудбалер од Интер го носеше дресот на ПСЖ за годишна плата од 13 милиони евра. Францускиот шампион имаше можност да го откупи договорот на Икарди од Интер за 70 милиони евра.
View this post on Instagram
Французите побараа од Интер да ја намали оваа цена, според Скај Спорт, Интер и ПСЖ по 24 часовни преговори се договориле за трансферот на Икарди.
View this post on Instagram
Наводно целиот договор „тежи“ 60 милиони евра, италијанските медиуми прецизираат дека истиот вреди 50 милиони евра плус 10 милиони евра бонуси.