Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рома го елиминираше Шахтјор во осминафиналето од Лигата на шампионите и му се придружи на Јувентус во четвртфиналето. Тоа е прв пат по 11 години италијанскиот елитен фудбал да има два клуба меѓу осумте најдобри во Европа, а најзаслужен за успехот на римјаните е сјајниот Един Џеко, кој го постигнал единствениот гол во реваншот.
На тоа беше сведок и една прекрасна дама со неприкосновена заводливост и сексапил. На римскиот Олимпико од трибините мечот го следеше и Викторија Лопирева, амбасадорка на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Русија, а кој во оваа прилика се сретна и со легендата на Рома, Франческо Тоти.
„Драг Франческо, најдобар си. Фала на поддршката за кампањата Нулта толеранција кон насилството“, напиша на Твитер оваа бивша Мис Русија, која организаторите на претстојното Светско првенство ја избраа да ја промовира и претставува нивната земја по светот.
Фантастичната Викторија патува по светот и го промовира Мундијалот и кампањата на ФИФА. На располагање има приватен авион, што може да се види од нејзините објави на социјалните мрежи.
Ciao Roma ????Ready for @ChampionsLeague ⚽ Вы за кого сегодня? @OfficialASRoma / @FCShakhtar ? V pic.twitter.com/xN8fw7pBqV
— Victoria Lopyreva (@LopyrevaVika) March 13, 2018
Последните неколку месеци таа ги посети и Дубаи, Рио де Жанеиро, Манчестер, Париз, Буенос Аирес. Се сретна со сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд, навиваше за Бока на легендарната „Бонбониера“ и имаше многу други возбудливи активности.