Home Шоубизнис Жешката кошаркарка Дабовиќ жртва на насилство – дечкото ја тепал и давел

Жешката кошаркарка Дабовиќ жртва на насилство – дечкото ја тепал и давел

Српската кошаркарка, Милица Дабовиќ, синоќа била претепана од поранешното момче, Шиме Шиклиќ Симон.

Според информациите до кои дојде српски Курир, Дабовиќ има рани по телото и по вратот бидејќи Шиклиќ се обидел да ја задави. Таа веднаш го пријавила инцидентот во полиција, по што е распишана потерница за напаѓачот.

-Точно е дека Симон по караницата се нафрли врз мене и ме претепа. Ова сакам да го кажам јавно, затоа што и самата пред 2 месеци учествував во кампањата на Курир за запирање на насилството, воопшто не надевајќи се дека ќе ме снајде ваква судбина. Го пријавив во полиција и сега сè е во рацете на државните органи. Сакам само да порачам дека никој не треба да трпи насилство, изјави кошаркарката за Курир.

Според неофицијални информации до физичкиот напад дошло по караница заради Сораја, со која Симон бил фотографиран за време на еден настан.

Шиклиќ во 2015-та беше уапсен за физички напад, откако го нападнал обезбедувањето во еден трговски центар во Белград зошто го предупредило дека се паркирал на место резервирано за лица со инвалидитет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …