Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Своевремено, кога беше во зенитот на славата и кариерата како супермодел, фаталната Клаудија Шифер палеше и жареше по светските модни писти и модните списанија.
Но, оваа 47-годишна убавица одамна е надвор од фокусот на јавноста, па ретко, речиси воопшто и не ја гледаме по светските медиуми. Меѓутоа, папараците овој пат ја „фатија“ на јахта во близина на италијанското одморалиште Портофино.
Таа во бикини покажа зачувана линија , иако поминаа дваесетина години откако беше главна на модните писти.
Клаудија е 16 години во брак со британскиот режисер Метју Вон, со кого има три деца – Каспар 15, Клементина 13 и Козима на седум годишна возраст. Нејзиниот сопруг не бил виден на јахтата во Италија.