Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска, среда, 28. јули, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе биде 22, а максималната ќе достигне до 40 степени. Маврово 32, Охрид 35, Битола 38, Крива Паланка 37, Берово 35, Кавадарци 41, Дојран 40.
Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На места вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температурите.