Жешка собраниска недела: На 5 јули седница за ратификација на договорот со Грција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оваа недела ќе биде жешка за пратениците во собраниските столчиња, бидејќи на агенда и дневен ред се веројатно моментално најгорливите и најжешки актуелни закони кои периодов ја тресат политичката и општествена јавност кај нас.

Застој во активностите на партиските работни групи, недоверба, битка преку изјави и партиски соопштенија, закани за кривична одговорност. На ова е сведена комуникацијата меѓу владејачката СДСМ и опозицискатa ВМРО-ДПМНЕ во период кога се очекува конструктивност и придонес од сите политички субјекти во реализирањето на претстојните реформски обврски.

Ваквата атмосфера се заканува да се „преслика“ и на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, а во пресрет на клучни седници и одлуки на парламентот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска треба да одржи и редовна средба со координаторите на пратеничките групи, по која треба да биде објавено дали до крајот на неделава ќе се одржи седницата на која повторно треба да се гласа законот за ратификација на Договорот со Грција, откако претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот на законот по неговото првото изгласување.

Неделава се очекува и разрешница во врска со составот на Државната изборна комисија. Претстојат и меѓупартиски консултации околу подготовките за рефрендумското изјаснување, кои според неофицијални најави, ќе започнат по Самитот на НАТО.