Жешка сабота со деветка UV индекс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност, попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи. UV индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 38 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст. Почнувајќи од утре во голем дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени Целзиусови, а на југоистокот ќе достигнува и 40 степени. UV индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

За време на викендот и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја на запад и кон југоистокот. Промена и се посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот, но и вторник ќе биде многу топол.