Жерар Депардје повеќе не е под истрага за силување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските обвинители ја прекинаа истрагата против Жерар Депардје за наводно силување, објави во вторникот француското државно обвинителство.

Еден од најпознатите француски актери кој има играно во над 170 филма и стекна меѓународна слава, е ослободен од истрагата и обвинението за наводно силување. Обвинителството соопшти дека обвинувањата биле неосновани.

Тие во февруари, исто така, ја прекинаа истрагата за обвинение за силување против филмскиот режисер Лук Бесон, познат по филмовите Léon: The Professional, Nikita и The Fifth Element.

70-годишниот Депардје последниве години е на голем јавен удар и критики од страна на Западот поради блиските односи со рускиот претседател Владимир Путин.